ТТ Фестивал во МКЦ за поддршка на децата со аутизам

На 23 декември во Младинскиот културен центар ќе се одржи ТТ Фестивал, концерт посветен на Тамара Тодороска и сите останати невини жртви во сообраќајот.

“Пешачкиот премин е за слободно минување, не за смрт!”, стои во фејсбук најавата за настанот.

На концертот ќе настапат FictionThe PlanktonsИлузијА (Accoustic), Leonard (Balkan Veliki Балкан Велики) и TV Rage (Accoustic).

Организаторите најавуваат дека сите собрани средства ќе бидат наменети за организацијата „Сина Светулка“, која се грижи за унапредување на квалитетот на животот на дечиња со аутизам.