Цукерберг: Американската Влада претставува закана за Интернетот

Создавачот на социјалната мрежа „Фејсбук“, Марк Цукерберг телефонски разговарал со претседателот на САД, Барак Обама во врска со, како што соопшти, „активностите на американската Влада, кои претставуваат закана за Интернетот“.

Цукерберг: Американската Влада претставува закана за Интернетот

– Му се обратив на претседателот Обама за да изразам незадоволство од штетите, кои се нанесени од Владата за иднината на секој од нас, но за жал ќе биде потребно доста време за вистинска реформа, напиша Цукерберг на својот „Фејсбук“ профил.

– Американската Влада треба да биде лидер на Интернетот во светот, а не закана. Владата треба да е транспарентна во однос на нејзините активности, во спротивно граѓаните ќе го помислат најлошото, додаде Цукерберг.

Тој појасни дека повеќето Интернет корисници и компании соработуваат за да се создаде сигурна клима и да се подобри Интернет просторот.

Телефонскиот разговор следеше по новите откритија на поранешниот новинар на весникот „Гардијан“, Глен Гренвалд, дека во некои случаи американската Агенција за национална безбедност „имитирала“ профили на Фејсбук за да пренесе вируси во одредени компјутери.

Според поранешниот соработник на НСА, Едвард Сноуден, Агенцијата имала пристап до серверите на технолошките гиганти како „Фејсбук“, „Гугл“ и „Јаху“.

Постот на Цукерберг за телефонскиот разговор со Обама бил „лајкнат“ од 97 илјади корисници на Фејсбук за само два часа.