[Тркалезна маса] „Дали фашизмот е победен во Македонија?“

На 9 мај, „Денот на победата над фашизмот“, во организација на „Фронтот за слобода на изразување“, ќе се одржи тркалезна маса „Дали фашизмот е победен во Македонија?“. Настанот ќе се одржи во ГЕМ клубот во Скопје, на влезот на „Стара скопска чаршија“, со почеток во 12 часот.

[Тркалезна маса] „Дали фашизмот е победен во Македонија?“

Во многу земји во Европа 9 мај се одбележува како Ден на победата (над фашизмот) или како „Ден на Европа“. Но, дали фашизмот е победен во Европа или повторно „воскреснува“ во неофашистичките и неонацистичките групи и партии (како што се „Златна Зора“ – Грција, „Џобик“ – Унгарија) или во ултранационалистичките партии (како „Атака“ во Бугарија)?

На прашањето „Дали фашизмот е победен во Македонија?“ ќе дискутираат: Уранија Пировска, Џабир Дерала, Ирена Цветковиќ, Никола Гелевски, Владимир Милчин, Џељо Хоџиќ и Жарко Трајаноски (модератор).

„Фронтот за слобода на изразување“ е неформален сојуз на повеќе здруженија на граѓани и активисти за правото на слобода на изразување. Фронтот го сочинуваат: Хелсиншки комитет за човекови права на РМ, Центар за развој на медиуми (ЦРМ), Метаморфозис, фондација за интернет и општество, Цивил – Центар за слобода, Фондација Отворено општество Македонија (ФООМ), НВО Инфоцентар, Коалиција „Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници“- Скопје, Македонски центар за европско образование (МЦЕО), Јавност – Центар за нови политики и слобода на медиуми, Јадро – Асоцијација на независна културна сцена, Здружение на граѓани Контрапункт.