Трка на франкофонијата денеска напладне во Скопје

Светскиот ден на франкофонијата, 20 Март првпат оваа година ќе биде одбележан во Македонија, со „Трка на франкофонијат“, која напладне ќе почне од Паркот на франкофонијата и ќе заврши кај „Скопје сити мол“.

На трката, која ја организира Францускиот институт во Скопје во соработка со Амбасадата на Франција, се пријавени 500 учесници.

„Оваа ревијална трка, во должина од четири километри, има за цел да ги одбележи заедничките франкофонски вредности, употребата на францускиот јазик, културната разновидност и солидарноста, велат од Францускиот институт.

Почетокот на трката ќе го означат француската амбасадорка Лоранс Оер и скопскиот градоначалник Коце Трајановски. На крајната цел – платото пред „Скопје Сити мол“, ќе има забава, музичка анимација, ритмички игри, куси разговори со победниците, како и обраќање на Габриел Атанасов, национален координатор на франкофонијата во Македонија.