Триста милиони деца живеат во области со екстремно воздушно загадување

Глобално истражување откри дека огромен број на деца дишат токсични гасови повеќе од шест пати над дозволената безбедна граница, а милијарди се загрозени од воздушно загадување.

Триста илјади милиони од децата во светот живеат во области со екстремно воздушно загадување, покажа новото истражување на УНИЦЕФ.

Истражувањето, за кое се користеле сателитски податоци, е спроведено како обид да се направи глобална проценка на изложувањето на загадување, а индицира дека 90 посто од децата во светот, односно две милијарди, живеат воместа каде воздушното загадување надвор ги надминува препораките на Светската здравствена организација.

УНИЦЕФ предупредува дека нивоата на глобалното воздушно загадување придонеле до повеќе од 600000 смртни случаи годишно – повеќе од бројот предизвикан од СИДА и маларија заедно. Децата се многу поранливи на загадувањето, а предизвика оштетување на нивното здравје и развојот на нивниот мозок.

„Големината на опасноста која ја предизвикува воздушното загадување е огромна“, вели Ентони Лејк, извршен директор на УНИЦЕФ. „Ниту едно општество не може да си дозволи да го игнорира загадувањето. Ние ги штитиме нашите деца кога го штитиме квалитетот на нашиот воздух. И двете се значајни за нашата иднина“.

Воздушното загадување е најголемиот здравствен и еколошки ризик на светот, според СЗО, а состојбата само се влошува. Нивоата на токсичен воздух пораснале за осум проценти во последните пет години. Повеќе од три милиони луѓе годишно умираат како резултат на надворешното воздушно загадување, осносно шест луѓе секоја минута. Оваа бројка се очекува да се зголеми двојно до 2050 година, бидејќи градовите се прошируваат сѐ побрзо. Внатрешното воздушно загадѕвање, претежно од печки на дрва или јаглен, предизвикуваат уште три милиони смртни случаи годишно.