Младински образовен форум (МОФ) и Правниот факултет “Јустинијан Први” потпишаа меморандум за 3-годишна соработка за заедничко спроведување дебатен клуб за сите заинтересирани студенти.
Оваа долгорочна соработка доаѓа после позитивните искуства од водењето на дебатниот клуб во учебните 2011/2012 и 2012/2013 година.
Соработката вклучува спроведување дебатни предавања и вежби обезбедени од МОФ за дебатери – студенти на Правен факултет, учество на дебатерите од Правниот факултет на домашни и меѓународни студентски дебатни првенства, како и организација на јавни дебатни настани.
Ова е прва ваква долгорочна соработка меѓу МОФ и една образовна институција во државата.