Трибина за измените на Законот за култура

Културните работници организираат трибина на која ќе се осврнат на измените од Законот за култура, кои веќе се спроведуваат во културните институции. Колективниот договор за јавните уставони од областа на културата ќе се потпише до крајот на годинава, нови договори за работа веќе се потпишуваат во институциите.

Според нив, малкумина разбираат што содржи законот, што значи колективниот договор, кои се последиците од потпишување на нов договор за работа. Поради тоа Синдикатот на културата одржува дискусија на која би се разјасниле и одговориле многу прашања што ги засегаат сите уметници, културни работници, моменталните и идните вработни во јавните институции.

Учесници во трибината се:

– Претставници на синдикални организации при СКРМ од сите културно-уметнички дејности;
– Билјана Тануровска Ќулавковски, културен работник/Локомотива;
– Милан Живковиќ, експерт за работнички права, директор на канцеларијата на фондацијата ”Фридрих Еберт” во Македонија;
– Трпе Деаноски, генерален секретар на УПОЗ.