Трибина: Студентот како носител на општествени промени во Македонија

Младинскиот образовен форум организира настан на кој ќе ги промовира наодите од истражувањето „Студентот како носител на општествени промени во Р.Македонија“, за студентските потенцијали за активизам на студентите на УКИМ на кое работеше изминатиот период. Настанот ќе се организира во кафе-книжарницата „Децата од нашата улица“, во вторник (2 јуни) во периодот меѓу 19 и 23 часот.

На промоцијата на истражувањето и трибината ќе се разговара за улогата на локусот на контрола во процесот на иницирање и спроведување на општествени промени, фактори кои влијаат за развивање на внатрешен или надворешен локус на контрола, конформизмот како предуслов или пречка за граѓански активизам, влијанието на општествените фактори и државни уредувања врз развивањето на активизмот кај студентите.

Говорници ќе бидат Ненад Марковиќ, доцент на Правниот факултет „Јустинијан Први“, Маја Бојаџиевска, професорка на Филолошкиот факултет „Блаже Коневски“ и Јована Наумовска од Младински образовен форум. Модератор на трибината е Моника Божиновска од МОФ.