Трибина: Храна, вода,облека и струја за секое семејство

Трибина на иницијативата „8 септември“Вечерва(29 ноември) во Институт Прогрес во општина Карпош ќе се одржи уште една трибина насловена „Храна, вода,облека и струја за секое семејство“. Трибината која почнува во 19 часот ја организира граѓанската иницијатива „8-ми Септември“.

На овој настан говорниците: Џелал Хоџиќ, Мила Царовска и Петрит Сарачини, ќе разговараат со граѓаните од општина Карпош за животот на примателите на социјална помош, стечајните работници, семејствата во социјален ризик; животот на младите од семејствата кои примаат социјална помош, од стечајните работници, од семејствата со социјален ризик како и за потребата за прифаќање на иницијативата за минимален достоинствен приход.

Граѓанската иницијатива „8-ми Септември“ е неформална група граѓани здружени со иста цел: обезбедување минимален достоинствен приход и подобар живот за социјално загрозените групи во Република Македонија.