Тренеска Дескоска: Оваа година екстерно тестирање нема да има

Потребните законски измени со кои ќе се укине екстерното тестирање ќе се направат утре, најави пратеничката Рената Тренеска Дескоска, која е предложена за Министерка за образование во идниот владин состав.

„Утре на дневен ред, на седницата на Собранието, ќе се најдат три закони со кои ќе биде укинато екстерното тестирање во основните и средните училишта. За таа цел денеска е одблокирано Собранието. Сакам да упатам порака до учениците и родителите, дека оваа година екстерно тестирање нема да има“, изјави Тренеска Дескоска.

На социјалните мрежи укинување на екстерното тестирање, како и закажувањето локални избори го најави и пратеникот Павле Богоевски:

Од претходно, група средношколци, за денеска се организираа преку социјалните мрежи да се соберат пред Министерството за образование и наука и да го изразат својот револт од екстерното тестирање.