Традиционална студентска планинарска тура на Водно

Во среда (5 ноември) по повод „13 Ноември” – Денот на ослободувањето на град Скопје ќе се одржи традиционалната есенска студентска планинарска тура на Водно.

Планинарската тура е со почеток во 10,00 часот, а студентите од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” (УКИМ) ќе тргнат кон Средно Водно од Институт за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија.  Присуството на планинарската тура е задолжителна за студентите од прва година,  а на неа може да учествуваат и студентите од втора,трета и четврта година за што ќе бидат ослободени од редовните обврски на факултетот.

Традиционално, покровител на Планинарската тура е ректорот на УКИМ во Скопје проф. д-р Велимир Стојковски.