„Тишина“ – изложба на Теа Јовановска во КИЦ

Вечерва во изложбениот салон Империјал 1, во Културно-информативниот центар, ќе биде отворена изложба на слики на младата сликарка Теа Јовановска. На изложбата насловена „Тишина“ ќе бидат претставени 20 дела работени во техниките масло и акрилик на платно и лесонит, создадени во последниве две години.

Теа Јовановска е родена во Скопје 1989 година, а дипломира на Факултет за ликовни уметности при УКИМ – Скопје во 2012, на отсекот сликарство. Ова е прва нејзина самостојна изложба, а досега има учествувано на неколку групни изложби.

Изложбата ќе биде отворена до 22 декември.