Тинејџерка му помогна на глув и слеп човек да комуницира со авионскиот екипаж

15-годишната Клара Дели и Тим Кук (64) случајно се нашле на ист лет, а нивната приказна брзо се најде во центарот на вниманието на милиони луѓе. Летале од Портланд, Орегон, каде Клара била со нејзината мајка, а Тим патувал сам.

Тим е глув и слеп, па вработените во авиокомпанијата не успеале да комуницираат со него, по што ги замолиме патниците да им помогнат ако познаваат некој знаковен јазик.

Тогаш се појавила Клара, која како дислексичар, го учела американскиот знаковен јазик (АСЛ). Тинејџерката се доближила до патникот, и врз неговите дланки почнала да ги пишува зборовите со користење на AСЛ, дозволувајќи му да ги почувствува буквите.

На Фејсбук пост, патничката што летала заедно со нив, Линет Скрибнер, ќе напише: „Беше фасцинантно да се види како таа ги пишуваше буквите на неговата рака.

„Тој можеше да го прочита нејзиното пишување и тие продолжија со својот тивок разговор.“

Постот доби повеќе од еден милион позитивни реакции, и беше споделена повеќе од 700.000 пати.

I saw this gentleman, Tim, in Boston's Logan airport with the sister he'd been visiting. It appeared he was both deaf…

Posted by Lynette Scribner on Tuesday, 19 June 2018

Коментарите за подготвеноста на Клара да помогне  се префрлија на интернет. Скрибер напиша дека овој случај е потсетник за тоа дека се уште постои нешто добро, добри луѓе кои се подготвени да помогнат и да се грижат за другите.

Џејн Дели, мајка на Клара, изјави за ББЦ: „Клара отсекогаш била заинтригирана од знаковниот јазик“.

“Имаме пријател на семејството, Џон, кој е преведувач за знаковен јазик и тој беше голема инспирација. Клара беше толку среќна што може да му помогне на Тим. Можев да ја видам радоста на нејзиното лице кога се врати на своето седиште откако му помогна“.

Џејн продолжува: „Реакцијата за случајот е претежно позитивна. Клара вели дека е чудно што нешто за што не ни размислувала, добива толкаво внимание“.