The Geek’s Multiverse

The Geek’s Multiverse

The Geek’s Multiverse е радио емисија посветена на филмови, серии, видео игри и останати гиковски работи. Емисијата се емитува еднаш во две недели, односно секој втор вторник во 20:00.

 

 

ЕПИЗОДА 7

Во последната епизода од Мултиверзумот на Гикот, зборуваме за сите најважни вести од почетокот на годината, а за главна тема ги имаме 20те ликови и тимови кои што го заслужуваат своето место во 4тата фаза од Marvel Cinematic Universe.

 

ЕПИЗОДА 6

Во првата епизода од новата декада, зборувавме за оскарите и најдобрите филмови за изминатата година, најисчекуваните за оваа, најдобрите стрипови што имавме шанса да ги исчитаме лани, а исто така ги издвојуваме и најдобрите писатели и артисти од индустријата на деветтата уметност во моментов.

 

ЕПИЗОДА 5

Марио Савовски, автор на Урбанон: Прирачник за Агенти, првата македонска друштвена игра со улоги, гостин во последната епизода на The Geek’s Multiverse за 2019та година.

 

 

ЕПИЗОДА 4

The Geek’s Multiverseee episode 4
Вести од светот на филмот + траејлери + ревјуа се ова скоцкано од гиковскиот капетан Данаил Јаков.

 

 

ЕПИЗОДА 3

Нова епизода! Данаил зборуваше за најдобрите гиковски серии што треба да ги следите во моментов, а исто така беа споменати и сите најнови вести од последните недели, а сето тоа зачинето како и секогаш со одлична музика! Не ја пропуштајте новата епизода на The Geek’s Multiverse!!!

 

 

ЕПИЗОДА 2

Во втората емисија гостин беше Никола Темков, еден од најконстантните стрип автори и илустратори во државава. Интересот и образованието кон стрипот кај него започнува уште од основно образование, потпомогнат од неговиот долгогодишен пријател Игор Јовчевски. Зборувавме за стрип културата, љубовта кон стрипот како и за посветеноста кон деветтата уметност.

 

 

ЕПИЗОДА 1

The Geek’s Multiverse is back!!! Данаил со втора сезона на Радио МОФ, во оваа епизода гостин ни е Игор Јовчевски. Тој е еден од првите македонски стрип цртачи и еден од најдобрите стрип цртачи во историјата на деветтата уметност. Зборувавме за неговата почетна љубов спрема шарените страници, неговата кариера, како и идните проекти. Не ја пропуштајте првата епизода на The Geek’s Multiverse!!!