„Театар за сите“ – програма за возрасни и средношколци

Почнувајќи од 5 септември во просториите на HUB Скопје, ќе се одржува театарска програма наменета за средношколци и возрасни. Два пати неделно, заинтересираните ќе дискутираат, истражуваат и создаваат под менторство на Милош Б. Андоновски, режисер и професор по театар и филм кој, воедно, е сертифициран обучувач за возрасни.

Образование за возрасни во Македонија е новитет, вели Андоновски, и поле кон кое срамежливо се пристапува.

„Театар за сите“ е идеја за доближување на театарската практика до сите љубители на театарот како изведбена уметност, вели Андоновски. Додава дека програмата нуди можност не само за запознавање со основите на актерството, театарската режија и драмското писмо преку практични вежби туку е и платформа за споделување идеи, искуства, запознавање и вмрежување.

Додава дека театарот има и терапевтска моќ.

„Овие часови/средби се и добра можност за спознавање на самите себеси и другите, за преиспитување на сопствените вредности и убедувања. Театарот ја има токму моќта да ни покаже дека можеме да бидеме и нешто за кое сме мислеле дека не го поседуваме како карактеристика“, додава.

Обете програми се со времетраење од четири месеци (септември – декември), со месечна членарина.