СЗО ги предупреди владите да не изнесуваат политички мотивирани информации за пандемијата

Директорот на Светската здравствена организација за вонредни ситуации Мајкл Рајан ги предупреди владите да не изнесуваат политички мотивирани информации за пандемијата на коронавирусот. Тој претходно пред новинарите рече дека „обидот да се презентираат поедноставени решенија на луѓето не е стратегија за успех на долг рок“, пренесува српски „Н1“.

„Ако заедниците проценат дека добиваат информации што се политички изманипулирани или се управувани на начин што не одговара на реалноста, тогаш тоа за жал се враќа како бумеранга“, наведе Рајан.

Запрашан за спротивните пораки кои ги испраќа владата на Бразил, Рајан посочи дека „транспарентноста, доследноста и искреноста“ и признавањето на грешките можат да изградат доверба.

Досега во светот со коронавирусот, од почетокот на пандемијата се заразени над 27.5 милиони луѓе, додека речиси 900.000 луѓе починале.