Македонскиот бенд Fighting Windmills вечерва ќе настапи пред битолската публика како дел од алтернативното културно лето во организација на Задруга артикултура.
Нивната музика не подлежи на жанровски стеги и категоризации, истражувајќи ги допирните точки помеѓу пост-рок, фри-џез и диско-панк, правејќи ги еден од највозбудливите состави за слушање од Македонија, се вели во најавата.
На свирката ќе го промовираат нивниот нов, петти албум насловен „An Exercise in Surprise“.
Концертот ќе започне во 21 часот кај фонтаната до Градскиот музеј.