Светски предизвик во мапирање на отпад од 22 до 29 април

„World Cleanup App“ и „TrashOut“ се двете апликации со кои годинава секој граѓанин може да го мапира отпадот што го забележува околу себе и да освои награда.

Предизвикот, кој ќе трае од 22 до 29 април во целиот свет, се реализира по повод Светскиот ден на земјата (22 април).

Организаторите најавуваат награди за:

  • оној што најдобро ќе мапира отпад
  • најдобра држава
  • изненадувачка награда

Победниците ќе бидат соопштени на 2 мај на Фејсбук страниците на World Cleanup Day и Trash Out.

Овој предизвик се организира секоја година со цел да привлече внимание кон лошата состојба во којашто се наоѓа земјата и да инспирира промена кај луѓето во нивното однесување и преземат акција за почист свет.

За да ја преземете „World Cleanup App“ кликнете овде: worldcleanupday.org/#get-the-app а за „TrashOut“ на следниот линк: trashout.ngo/mobile-app.