Светски ден на лицата со Даунов Синдром

Светскиот ден на лицата со Даунов синдром се одбележува секоја година на 21-ви Март – симболично одбран датум поради трите копии на 21-от хромозом (трисомија 21) што се присутни во клетките на лицата со оваа состојба.

Светски ден на лицата со Даунов Синдром

За овогодинешниот Светски ден на лицата со Даунов синдром, од организацијата Трисомија 21 – Скопје велат дека се одлучиле да посветат серија настани и активности на тема што во Македонија сѐ уште се смета за табу: Сексуално и репродуктивно здравје на лицата со Даунов синдром.

„Со цел да ја подигнеме свеста за оваа важна тема ќе се здружиме со ХЕРА, невладина организација во чија сфера на дејствување се задравственото образование и истражување. ХЕРА има спроведено бројни обуки за сексуално здравје во дневните центри за лица со интелектуална попреченост“, се вели во соопштението.

Од 18 до 21 март, лицата со Даунов синдром ќе можат бесплатно да добијат гинеколошки и дерматолошки прегледи како и консултации со психолог и педагог во центарот за млади „Сакам да знам – Водно“на ул. Елисије Поповски бр.2. Сите оние кои се заинтересирани можат да закажат термин на телефон (02)3176-950 (доколку се пополнети сите термини во овој период, нема да биде проблем да се закажат и за понатаму).

Лицата со Даунов синдром и нивните семејства ќе имаат можност да ги споделат своите гледишта на оваа тема со професионалци во рамки на јавна трибина што ќе се одржи на 21.03.2014, во КОРА – Дом на култура „Кочо Рацин“(Дом на Градежници), со почеток во 17 часот.