Светски ден на „емотиконите“ – на дневно ниво се користат пет милијарди емотикони само на Месинџер

Понекогаш светот изгледа толку наопаку, толку неповратно збунет и бизарен, што едвај имаме зборови за да го опишеме, но, за среќа ги имаме „емотиконите“, пишува „Си-Ен-Ен“. Светскиот ден на „емотиконите“ се слави од 2014 година, секогаш на 17 јули.

Ова се некои од најпопуларните „емотикони“ на Твитер во април годинава

Секое поголемо историско случување влијае врз јазикот и комуникацијата, а коронавирусот исто така влијаеше на начинот на кој луѓето ги користат „емотиконите“. Доколку мора да изберете еден „емотикон“ за да ја опишете моменталната ситуација со коронавирусот и го изберете , односно, ликот со медицинска маска, вие сте дел од мнозинството.

Веб-страницата „Емоџипедија“ која го документира значењето и вообичаената употреба на емотиконите, анализираше кои емотикони биле најчесто вклучени во разговорите за коронавирусот. Одговорниот лик кој носи медицинска маска бил на прво место, но луѓето исто така го користеле и мачниот лик, ликот што повраќа, ликот што кива и ликот со термометар.

Моментално постојат 3.304 мали пиктографи во „Уникод стандард“, вклучувајќи ги и дополнителните 117 емотикони кои се дел од овогодишниот 13-ти пакет. Според „Емоџипедија“, пет милијарди емотикони се користат на Фејсбук Месинџер секој ден.