Светот во 2100 година ако не се намалат емисиите на јаглерод

Доколку нештата и понатаму се одвиваат како денес и не се преземе ништо за да се намалат емисиите на јаглерод, се проценува дека до 2100 година просечната глобална температура ќе порасне за 4,5 степени Целзиусови.

Токму навреме за Глобалните разговори за климатски промени на Обединетите Нации во Париз, кои ќе се одржат за неколку недели, Climate Central објави слики кои го прикажуваат драматичниот ефект кој ваквиот пораст на температурите би можел да го има на нивоата на морињата и непосредните промени на познатите споменици низ светот.

Сликите се создадени од визуелниот уметник Nickolay Lamm, кој се водел според неодамнешни извештаи за ефектот кој емисиите на јаглерод го имаат врз нивото на морињата, заедно со неодамнешен извештај кој ја опишува примената на овие податоци при промена на изгледот на различни пејзажи.