Студентското сместување – голем проблем за штипските студенти

Иако Штип прерасна во студентски град, нема вистински студентски дом за штипските академски граѓани, кои велат дека се чуствуваат заборавени од државните институции. Единствениот државен студентски дом овде, „Браќа Миладиновци“ тие го делат со средношколците, бидејќо претходно беше интернат. Двата приватни студентски домови, „Хилјадников“ и „Оаза“ немаат доволен капацитет за да ги сместат сите заинтересирани студенти.

Изградбата на нов студентски дом по иницијатива на универзитетот „Гоце Делчев“, а наменет за студентите кои студираат во Штип, доцни со години. Јавно-приватното партнерство за изградба на ваков дом во 2011 година не успеа, па обврската за подготовката на целата документација за проектот ја презеде универзитетот. Идејното решение за домот со површина од 12.000 м2 и со капацитет за 500 студенти е готово, сега архитектите го работат основниот проект. Но, велат штипјани, на теренот наменет за изградбата на новиот студентски дом засега ништо не се работи, па студентите се сомневаат дека ќе поминат уште многу години и неколку генерации додека оваа иницијатива стане јаве.

Како живеат штипските студенти?

Студентите од Штип можат да бираат меѓу приватно сместување во стан под кирија и еден од двата приватни студенски домови „Хилјадников“ и „Оаза“. Државниот , „Браќа Миладиновци“ не го ни спомнуваат бидејќи во него главно се сместуваат средношколци.

За тие кои не добиле место во дом и се сместени во приватен стан трошоците за храна , сметки и кревет во просек чинат околу 8 илјади денари. Во двата приватни студентски домови, пак, за сместување и два оброка дневно, плаќаат по 5 илјади денари месечно.

Но, добивањето на легло не е единствениот проблем, велат студентите. Оние кои се сместени во  „Хилјадников“  имаат среќа бидејќи домот е нов. Од друга страна, тие кои место добиле во „Оаза“, објектот кој до неодамна беше државен студентски дом, условите за живот се супстандардни. Храната е еднолична, се жалат студентите, а во една соба се сместени и по 6 студенти. Дополнителен проблем е тоа што тоалетите се распаѓаат, а на секој кат има само по еден туш кој го делат педесетина студенти. Но кога родителите немаат пари, студентите немаат голем избор, револтирано објаснуваат тие и прашуваат „Кога државата навистина ќе почне да се грижи за студентскиот стандард?“

Во продолжение низ фотографии како се живее во „Оаза“.

Студентското сместување - голем проблем за штипските студенти

Студентското сместување - голем проблем за штипските студенти

Студентското сместување - голем проблем за штипските студенти

Студентското сместување - голем проблем за штипските студенти

Студентското сместување - голем проблем за штипските студенти

Студентското сместување - голем проблем за штипските студенти

Медиа- арт клуб „Актив“-Штип