„Студентско движење – во место” – дебата на Диверзити Медиа

„Студентско движење – во место” - дебата на Диверзити Медиа„Студентско движење – во место” е темата на деветтата по ред јавна дебата на Здружението Диверзити Медиа.

Оваа дебата ќе се одржи во понеделник, од 11 до 13 часот, во Книжарница во Чаршија (Libraria e Çarshisë), во Старата скопска чаршија.

На темата ќе дебатираат Мирослава Симоновска, новинар, Мартин Алексоски од Младинскиот Образовен Форум (МОФ) и Филип Петровски.

Диверзити медиа со овој настан ќе се обиде да ја поттикне интелектуалната, академската и експертската јавност активно да се вклучи во развојот на јавниот дијалог. А, посебно обрнуваме внимание на активното учество на граѓаните во дебати на вакви актуелни теми.

Во рамки на проектот „Дебати_мкˮ Диверзити Медиа организира 10 јавни дебати во периодот од април до септември 2013 година. Проектот е делумно поддржан од програмата CIVICA Mobilitas на Центарот за институционален развој, ЦИРа. Дебатите се поддржани и промовирани и од страна на Фондацијата ИДЕА Југоисточна Европа, дел од меѓународната ИДЕА мрежа, која повеќе од десет години промовира дебата и критичко размислување помеѓу младитe.

Тие ќе бидат насочени кон подобрување на квалитетот на локалните власти, подобрување и развој на меѓуетничкиот дијалог во сите сфери на општеството, корпоративна социјална одговорност на приватниот сектор, со цел да се подобрат меѓуетничките односи и поттикнување и зајакнување на општествениот активизам низ Македонија.

Сите јавни дебати, како и аналитички обработените анализи од темите на дебатите од страна на тимот на Диверзити Медиа во следниот период ќе бидат достапни на www.diversitymedia.mk и на http://idebate.org/.

„Проектот Дебати_мк е овоможен со грант од програмата Civica Mobilitas, имплементирана од ЦИРа и финансиски поддржана од SDCˮ .