Студентски пленум објави видео за акцијата против екстерното на Водно

Автентичната студентска иницијатива Студентски пленум, синоќа на својата Фејсбук страница објави видео во кое се гледа акцијата што претходно ја реализираа неколкумина нивни членови на Водно каде поставија слогани и транспаренти во знак на  протест поради најавите за воведување екстерното тестирање за студентите.

Акцијата беше спроведена ден пред традиционалната студентска прошетка на Водно организирана од Студентскиот парламент.