Студентска кампања и транспарентни алки во чест на 220 затворени новинари

Reeyot Alemu наставничка по англиски јазик и новинарка во Етиопија, беше уапсена во 2011 година, кога за време на нејзиниот час со средношколците упадна полицијата. Како гласна критичарка на етиопската влада, таа беше обвинета за тероризам. Единствените докази кои беа презентирани на нејзиното судење беа нејзините критички написи, како и телефонските разговори во кои зборува за мирни протести. Новинарката во затвор помина точно 1.376 дена.

Минатата година, 220 новинари низ целиот свет беа затворени, поради обидот да покриваат настани и да пишуваат вести. За да се подигне свеста и да се соберат средства за неправедно затворените мажи и жени, студентите по новинарство на Универзитетот во Мериленд започнаа кампањата наречена „Press Uncuffed“.

Како партнер на Комитетот за заштита на новинарите (СРЈ), „Press Uncuffed“ ќе произведува и ќе продава алки на кои ќе бидат врежани имињата на девет затворени новинари, вклучувајќи ја и Alemu.

Предводени од професорката Dana Priest, добитничка на Пулицеровата награда за написите во Вашингтон Пост, студентите имаат цел не само да соберат средства, туку и да ја подигнат свеста за новинарите чија работа зане да биде опасна и честопати потценета.

Алките се направени од безбојна пластика и треба да ја претстават потребата од транспарентност во новинарството, но и да служат како симболичен потсетник за сите новинари кои во моментов се во затвор. Приходите од продажба на алките ќе влезат во „итниот“ фонд на СРЈ, кој им помага на новинарите во криза, за полесно да застанат на нозе.

Кампањата е инспирирана од новиот, експериментален клас предводен од новинарката и професорка Dana Priest, во кој на секој студент ќе му биде доделен за работа профилот на еден од затворените новинари. Додека студентите ги спроведуваа своите истражувања, дел од нив лично се поврзаа со приказната од нивната тема.

„На крајот од часот голем број на студенти сакаа да направат нешто повеќе“ објасни професорката и додаде дека по подолго размилување излегле со идејата за овие алки.  Ова се деветте новинари кои ќе бидат почестени со првата серија алки:

Ammar Abdularsool – Бахреин, 2014
Mahmoud Abou Zeid – Египет, 2013
Reeyot Alemu -Етиопија, 2011
Khadija Ismayilova – Азарбејџан, 2014
Bheki Makhubu – Свазиланд, 2014
Ta Phong Tan – Виетнам, 2009
Jason Rezaian – Иран, 2014
Yusuf Ruzimuradov – Узбекистан, 1999
Ilham Tohti – Кина, 2014

Новинарите беа избрани од страна на Комитетот и се од различни региони во кои слободата на печатот е ограничена. Подржувачите на каузата не го одбираат името на новинарот од нивната алка, туку треба да се охрабрат да дознаат нешто повеќе овие личности.

„Кампањата започнува сега, бидејќи последните три години беа најлоши за безбедноста на новинарите кои покриваат вести во многу делови од светот“, изјави професорката Priest за Mashable.

„Една од основните цели на кампањата е студентите и младите луѓе да се вклучат во овие прашања. Ние сакаме да сфатат кoлку е критична слободата на печатот за демократијата и владата“.