Студентите фрлија копии од Уставот пред Влада и кренаа среден прст

Студентите им кренаа среден прст на медиумите кои ги заокружуваат со црвени кругови и фрлаа копии од Уставот за, како што порачаа, да го прочитаат во Владата.

На бината пред Влада зборуваа студенти и професори, а настапија и неколку музички групи како „Визија“ и „Да Џака Накот“.

Студентите порачаа дека нема да ги скршат.

„Не учеа дека иднината на нас останува, за сега да не третираат како бандити. Затоа сега ја земаме иднината во свои раце. Нашата задача како млади интелектуалци е да учествуваме во одлукита кои ги засегаат нашите животи и токму тоа ќе го направиме“, истакнаа од Пленумот.

Во име на професорскиот пленум свое обраќање пред присутните имаше Артан Садику кој истакна дека професорите и граѓаните се солидаризираат со студентите.

„Студентите досега учеа од професорите, но сега професорите учат од студентите. Затоа ова нема да им помине“, порача Садику пред насобраните.

Со кренат среден прст пак „Да Џака Накот“ од бината потсети на убиството на Мартин Нешковски и рече дека тоа може да им се случи на сите.

„За кого се, бре, тие гумени куршуми“, праша тој.