Струмица идната недела живее театар

Струмица идната недела живее театар

Меѓународниот фестивал на камерен театарРисто Шишков“ во Струмица почнува овој понеделник, а во петте фестивалски дена ќе бидат изведени десет претстави од шест земји. За единствената награда за високи актерски достигања ќе се натпреваруваат шеесетина актери. Традиционално, наградата се состои од златен медалјон со ликот на Шишков и парична награда во износ од 1.500 евра, а за нејзиниот добитник ќе одлучува жири, чиј претседател е минатогодишниот лауерат Нико Горшиќ од Словенија. Фестивалот ќе го отвори српскиот театар „Шабац“ со претставата „Ќелавата пејачка“ во режија на Никита Миливојевиќ.

Во петте фестивалски дена Мал драмски театар од Битола ќе ја изведе „Kорекција“ од Зоран Гаши во режија на Горшиќ, струмички театар ќе ја изведе „Вечна игра“, а прилепскиот театар – „Буре барут“. Во конкуренција се и „Дневникот на еден луд“ во режија на Лили Абаџиева од Бугарија, „Kамен“ на Турскиот театар, „Отело“ на битолски театар, „Амок“ на Kосовскиот театар и ИТИ-центар и копродукцијата „Непријател на народот“ на Театарот на актерот и театарот „Ода“ од Приштина.