Стрип салонот „Велес 2013“ доаѓа во ГЕМ клубот во Скопје

Традиционалниот 11 интернационален салон на стрип освен во Велес годинава се сели и во Скопје. Поради големиот интерес и желбите на бројната стрип публика, организаторот на Стрип центарот на Македонија-Велес одлучи да направи репрезентативна промоција и во Скопје.

Стрип салонот „Велес 2013“ доаѓа во ГЕМ клубот во Скопје

Настанот ќе се одржи во понеделник(21 октомври), во просториите на ГЕМ клубот во Старата скопска чаршија каде што ќе бидат изложени наградените дела во Велес и ќе се дистрибуира подготвениот промотивен материјал.

Изложбата почнува во 19.30 часот.

На 11 -тиот стрип салонот „Велес 2013“  наградата на овогодинешниот меѓународен конкурс „Златен стрип“ во конкуренција од 164 стрипа ја зема Даниел Атанасов од Бугарија за стрипот „Бонзаи“.  На свеченото отворање на салонот викендов беше доделено годишното признание за развој и афирмација на македонскиот стрип „Љупчо Филипов“ на Оливер Ромевски.

Специјалното признание за исклучителна помош и соработка на македонскиот стрип во негово отсуство беше доделено на Марко Стојановиќ од Лесковац, Србија.

Стрип салонот „Велес 2013“ донесе многу гости од Бугарија, Германија, Украина, Србија, Косово и Македонија.