StepWay конференција за млади претприемачи

Инфо Клуб Скопје утре (30 мај) со почеток од 19 часот во Кино Култура ја организира StepWay конференцијата за млади претприемачи.

На неа со свои говори ќе се претстават тројца успешни млади, а ќе биде промовирана и мобилната апликација “SWT App“, за студентите кои ќе бидат дел од програмата Work&Travel во САД за лето 2019.

Настанот има за цел да го поттикне потенцијалот кај младите за преприемништво и да ја подобри бизнис климата во државата преку споделување на успешни бизнис приказни на говорниците.