[Став] Видеото за „Lazarus“ на Боуви не е само збогување, туку и предупредување

Неверојатно е колку различно може едно парче уметност да биде интерпретирано пред и после нечија смрт. Во случајот на Дејвид Боуви и музичкото видео за „Lazarus“, она што можеби беше гледано како „истрипана“ забава се претвори во вознемирувачко, емоционално писмо за збогум.

Јас го ценам влијанието на „Lazarus“ кое целиот финален албум на Боуви „Blackstar“ го има и ќе го има врз неговите фанови. Сега разбираме дека албумот е наменет да биде финален подарок од Боуви до неговите фанови.

Но за мене ова видео е предупредување.

Има една сцена во третата минута од видеото која е многу тешко да се гледа. Всушност, заборавете го ова, целото видео е тешко да се гледа. Да ја наречеме оваа сцена застрашувачка. Боуви седи на маса, фрустриран и неверојатно нетрпелив за да ги најде вистинските зборови и да ги напише во бележникот пред него. Одеднаш, кратка насмевка го обзема неговото лице и тој почнува ентузијастично да пишува.

Неколку секунди подоцна, Боуви е целосно обземен, франатично пишува, неговото лице е целосно концентрирано, пишувајќи толку брзо што неговите раце не можат да постигнат.

За мене оваа сцена „вреска“ дека Боуви имал уште многу да ни каже. Да придонесе. Да креира. Но времето е истечено.

Овде постои еден совет, едно малку скриено предупредување: Не го трошете веќе вашето време во неизразување. Кажете го она што треба да го кажете, храбро и без резерва. Негувајте ја вашата креативност и не се срамете од тоа. Прекинете константно да конзумирате и започнете да креирате пред да е предоцна, и тој црн мистериозен плакар на ништо да ве конзумира.

Оставете го вашиот печат. Започнете денеска.

Автор: Џејсон Евангело
Извор: Медиум