[Став] Совршениот наставник според 16-годишен ученик

Совршен учител. Според Канцеларијата за стандарди во образованието, тоа најверојатно значи наставни планови со примери и 30 книги со цели за подобрување. Но, како 16-годишен, не сум сигурен дека се согласувам. Она што учениците го сакаат најмногу кај најдобрите учители – оние чии лекции се дискутираат на трпеза, чии имиња секогаш се паметат и чиј импакт никогаш не се заборава – е сосема различно.

Покажете дека ви е важно

Канцеларијата за стандарди во образованието вели дека наставниците што се истакнале покажале „длабоко знаење и разбирање на нивниот предмет“. И покрај тоа што страста инспирира, широкото познавање и разбирање на нивните ученици е едноставно поважно.

Имам учителка која од второ одделение нуди дополнителни часови секоја недела, се додека ни е потребно. Често сум единствениот кој е таму, но тоа не и пречи. Таа целосно го промени мојот живот со тоа што веруваше во мене, туркајќи ме напред и грижејќи се за мене. Очигледно, не очекувам секоја учителка да биде како неа, но да знаеш дека некој те цени до толку што одвојува од своето време е прекрасно.

Имав среќа што добив учители кои ме научија многу повеќе од тоа во наставната програма, кои ми покажаа да се справам со пречки со крената глава, а како резултат на тоа да бидам посилен. Совршено испланирани лекции се едно но, за еден несигурен тинејџер, вниманието е најаважно.

Немојте да ни викате

Наставниците кои викаа во мојот клас кога имав 11 години, се оние со кои се уште не можам да остварам врска. Почитта не е да имате 30 замолчени лица со симнат поглед. Ако се однесувате кон нас како луѓе, ако знаете што зборувате и се интересирате за тоа што имаме да кажеме, ќе ја придобиете нашата почит. Размислувањето за вашите лекции и поминувајќи еден час викајќи за нашето „непочитување“ нема да ве доведе до никаде.

Има позната наставничка во моето училиште, таа е онаа која никој не ја сака, најмногу поради тоа што вика и казнува постојано. Ние воопшто немаме мотивација да работиме со неа, бидејќи едноставно не можеме да зборуваме со неа. Викајќи кон нас за да замолчиме, не ви дава поголе авторитет.

Покажете ни го вашиот карактер (но, не премногу)

Да бидеме искрени, никој не сака да биде буден во седум и пол часот наутро во понеделник. Меѓутоа, најдобрите учители се оние чии карактери толку осветлуваат што 30 глави веднаш се вклучуваат.

Ние обично сакаме наставници кои се насмевнуваат, кои читаат на глас без да се срамат. Знаеме дека не сте овде за да бидете наш пријател, но важно е да постои некаков однос.

Рамнотежата е суштинска, сепак, наставниците кои премногу се трудат да се пошегуваат, ризикуваат учениците да го искористат тоа до момент кога нема враќање.

Пофалете не ако сме направиле нешто добро

Иако се очекува од наставниците да напишат цели страници со забелешки, ако сакате да ја подобрите самодовербата кај учениците и да ги охрабрите да напредуваат во размислувањето, важен е вербалниот одговор. Може да биде едноставно „Си сфатил“, „Точно“ или „Секако“, може да биде ентузијастички поглед или гордо намигнување. Звучи едноставно. но да му кажете некому дека постигнал нешто значи многу.

Вербалната критика пред нашите колеги не е толку одлична, сепак. Ставете се на мое место, вие сте во клас за прехранбена технологија и сте го заборавиле садот за чај. Тоа е голема грешка за која ќе жалите додека пишувате текст четири години подоцна. Да ви биде кажано дека сте глупав пред вашите пријатели боли, не заборавајте на тоа ве молам.

Навистина ве цениме

Верувале или не, знаеме дека ви е тешко. Знаеме дека притисокот под кој сте е смешен, тоа што понекогаш прегледувате повеќе домашни отколку што предавате, кога лекција од еден час може да одземе повеќе време за нејзина подготовка и тоа дека мразите да учите придавки, исто како и ние. Знаеме дека поставувањето на цели и одбележувањето на нашите книги може да изгледа како губење време, кога можете да ја поттикнувате љубовта кон вашиот предмет.

Можеби не покажуваме секогаш, но навистина цениме она што го правите, бидејќи во целост, одличните наставници се како мелодии кои не можеш да ги извадиш од твојата глава. Додека сме деца и тинејџери ние постојано се менуваме, но вие, кои не гледате цело тоа време, не собирате од погрешните патишта, лошите тестови и грешки, сте одлични.

Не сум сигурен дали навистина постојат совршени учители, но прекрасните учители кои ги имав не се оние кои никогаш не прават грешки, тоа се оние кои никогаш не се откажуваат од мене и ме научија дека ниту јас не смеам да се откажам од себеси.

Извор: Guardian