[Став] Со „Еразмус“ од Скопје до Љубљана и низ целa Европа

Програмата за мобилност на студенти „Еразмус“ која постои од 1987 година, им нуди шанса на студентите од целиот свет да учествуваат во студентска размена, во повеќе од 30 различни држави. Преку оваа програма јас ја добив шансата да студирам еден семестар во Љубљана. А доаѓањето овде беше исполнување на еден сон.

Љубљана како град е навистина прекрасен, а студентскиот живот е многу подобар од оној во Македонија. Системот на студентски бонови кој им овозможува на студентите да се хранат во различни ресторани е навистина од голема помош за сите студенти. Студентите овде уживаат и во попустите за изнајмување на велосипеди, на коли.

10799305_1496729603930143_942484834_n Културните настани исто така се лесно достапни за секој студент. Треба само да се има желба и да се донесе одлука, што да се погледне следно од богатиот репертоар. Но она што секако не смеам да заборавам да го споменам се патувањата организирани од страна на студентската организација во Љубљана. Ова е вистинска шанса да ги видите Мадрид, Будимпешта, Сараево,  за некого се многу ретки.

– Ова искуството е фантастично, бидејќи ова е прв пат дека живеам сама без моите родители, и тоа е добро затоа што правам се сама. Љубљана е добар град за студентите, бидејќи универзитетот ни помага многу . Ова е мал град каде што може да правите различни активности, а луѓето е навистина фини и културни, тие секогаш се спремни да им помогнат на странците. Ја сакам Словенија“, вели мојата нова пријателка Летиција, Еразмус студентка од Шпанија.

10811562_1496729617263475_1921297309_n

Како и на многумина други, мене оваа стипендија ми овозможи да видам како е да се студира во странство, запознав многу пријатели од земји како Турција, Шпанија, Португалија, Германија. Сепак мислам дека најмногу од се ми дозволи да се надградам себеси на Универзитетот во Љубљана и да ги слушнам приказните на другите студенти. Меѓу нив и онаа на Елиф Назли.

10811591_1496747793928324_1588931374_n

–  Доаѓам од Измир, третиот најголем град во Турција. Учев во Шведска една година како студент на размена. Откако се вратив од таму повторно сакав да одам на студии во странство. Знаев дека многу работи како што се јазикот и моите идеи ќе се развијат со искусување на нови култури. По две години на универзитетот знаев дека ќе одам на Еразмус и работев за тоа. Полагав јазичен тест и поминав, единственото нешто што требаше да го направам после тоа е да одберам една земја, од трите понудени. Причината поради која што ја одбрав Словенија, е поврзана со еден мој пријател кој исто така студирал тука, и кому се му се допаѓаше. Кога стигнав во Љубљана сфатив дека тој бил во право и дека јас се наоѓам на правото место. Стариот град е се уште сочуван, не се сменил после сите овие години и изгледа како да се појавил од бајките. Јас сум вљубена во него“ раскажува Назли, Еразмус студентка од Турција.

Да се добие една ваква шанса е навистина голема привилегија, бидејќи работите доживеани тука се нешто што никогаш не се заборава.

Моника Кочовска