[Став] Да се споредуваат сириските бегалци како мене со Скитлс би било смешно, ако не беше толку сурово

Пишува Шади Мартини, бегалец и коосновач на Групата за поддршка на бегалците

Луѓето кои бегале од војна и терор беа споредени со отровни бонбони во реклама за кампањата на Трамп. Тоа е бизарна слика, и пренесува порака која недостојна за Америка.

Јас сум сириски бегалец кој беше принуден да ја напушти сопствената држава. Се откри дека создадов подземна мрежа за обезбедување на медицинска помош и залихи за болните и ранетите. Режимот пресуди дека тоа што го правам е незаконско, па морав да побегнам. Зедов се што можев да соберам во куфер со тркалца и ништо повеќе. Сега живеам во најдобрата држава во светот, и само што станав жител на САД.

Во изминатата година, повеќе од 10000 сириски бегалци како мене, најдоа прибежиште во САД. Сепак, има и такви кои го претставуваат ова хумано дело како лоша работа. Тие ги повикуваат Соединетите Држави да ги затворат своите врати за Сиријците, кои бегаат од неопислив хорор на војна и дела на секојдневен терор. Оние кои го свртуваат грбот на овие недолжни, очајни жртви, користат тактика на сеење страв за да добијат поддршка.

Последното вакво дело беше реклама од кампањата на Транп, во која сириските бегалци беа споредени со отровни бонбони, Скитлс. Во овој случај беа употребени овие бонбони, но тоа не е прв пат да биде искористи оваа аналогија. Секако, целта е да се сее страв, со крајната цел да ги затвориме вратите на оние на кои сме им најпотребни.

Да се одбијат оние кои бегаат од војната ќе значи да не се почитуваат самите вредности кои ја направија Америка најбогата и најмоќна нација во светот. Треба да бидеме повеќе исплашени од губење на нашата чест и доблест, отколку да им помагаме на тие бегалци, од кои 80 проценти се жени и деца. Се сеќавате на Ајлан Курди, кој беше исфрлен од морето на брегот на Турција трудејќи се да стигне на безбедно тло? Тој беше детенце, нечие сакано дете. Не бонбона.

Иако сеењето на страв може да биде ефективно, на поголемото добро секогаш му служат фактите. Од повеќе од 750000 бегалци кои беа примени во САД од 11 септември 2001, само тројца биле уапсени поради планирање на терористички напади. Ниту еден од нив не беше Сириец.

Според последното истражување на Институтот Като, можноста Американец да биде убиен од бегалец е 1:3,6 милиони. Можноста да се биде убиен од некој кој не е терорист е 1:14275. Треба ли да се сомневаме во нашите соседи бидејќи се во „најверојатната“ група?

Треба да бидам бесен и нервозен од омразата која се изразува кон Сиријците, но откако дојдов во САД, почнав да се образовам себеси за имигрантите и бегалците кои најдоа безбедност во оваа земја. Сфатив дека нашето добредојде на слабите и ранливите не може да се случи без навреди и етикети.

На една од моите лекции бев во Музејот на холокаустот во Вашингтон, каде ја открив приказната од Втората светска војна за Св. Луис, брод кој носел германски вреи кои смееле да ја напуштат Германија, а не смееле да влезат во САД. Се стравувало дека можеби се „германски шпиони“ или „комунисти“. На крајот морале да се вратат во Европа, каде многумина од нив исчезнале во Холокаустот.

Дамките на нашата историја не завршуваа овде, за жал. Повеќето од групите имигранти кои се вселиле во САД биле жртви на ксенофобија како резултат на нивната етничка припадност. А тоа не кажува ништо за нашиот третман кон Афро-американците и домородните Американци кои живееле на оваа земја пред сите ние да пристигнеме.

Важно е да се запамти дека во големото Тенџере што врие кое е Америка – така наречена бидејќи е нација на имигранти – постои можност дека кога членовите на вашето семејство ќе пристигнат, ќе бидат обележани исто како и сириските бегалци денес.

Може да помогне ако се потсетите дека Сиријците кои живеле со вас со генерации се познати актери, иноватори, бизнис лидери, вработени во армијата и ветерани. Има илјадници доктори кои живеат и работат овде, спасувајќи илјадници животи секој ден. Тие се обични вредни мажи и жени кои прават значаен придонес кон нашата економија и култура.

Не дозволувајте да се плашиме од туѓинецот поради местото од кое доаѓа, или поради неговата религија. Бидете храбри и чесни да ги прифатите најслабите на нашите брегови. Ние сме земја на слободните и дом на храбрите. Се бориме со злото. Не остануваме тивки.