Статуа висока шест метри ги слави медицинските работници ширум светот

Во чест на докторите, медицинските сестри и медицинскиот персонал на фронтот против коронавирусот, Латвија постави џиновска статуа во главниот град.

Скулпторот Аигарс Бикше ја открил статуата неделава, за време на церемонијата пред Националниот музеј за уметност во Рига.

Статуата висока шест метри претставува жена во лабораториски мантил, со маска и ракавици. Хероината истовремено има розеви кломпи и стетоскоп околу вратот.

Бикше за „Ројтерс“ истакнал дека на статуата работел три месеци и дека инспирацијата за делото ја добил од херојските жртви кои медицинските работници ги направиле за да ги спасат животите на пациентите.

„Ги гледав вестите и гледав како медицинарите имаат големи потешкотии во Италија, гледав како тие спијат на болничкиот под, гледав како нивните лица добиваат лузни од носењето на маските. Сфатив дека, како уметник, како скулптор, треба да направам нешто“, нагласил тој.

Луѓето ширум светот ја покажаа нивната благодарност кон медицинскиоте работници за време на глобалната пандемија.

Во многу градови, жителите излегуваа на ноќни прославувања на нивните балкони и дворови и со ракоплескање ги бодреа медицинарите и есенцијалните работници.

Извор: CNN