Startup Weekend ќе се одржува онлајн, учесниците ќе работат на идеи кои ќе помогнат во справување со Ковид-19

Поради кризната состојба која настана со појавата на Ковид-19, годинешното издание на Startup Weekend „се сели“ онлајн.

Глобалниот настан, поддржан од „Гугл“, за првпат ќе го има своето онлајн издание, каде што учесниците ќе работат виртуелно (од дома) со своите тимови на идеи кои ќе помогнат со справување со новиот коронавирус.

Во Македонија ќе се одржува од 24-ти до 26-ти април. Учеството е бесплатно за сите и бројот на учесници е неограничен.

Досега се организирани повеќе од 2.900 настани низ 150 земји во светот. Младите кои учествуваат добиваат можност за вмрежување, стекнување нови знаења и основање на стартап компанија.

Повеќе информации за настанот има на официјалната веб-страница или Фејсбук страницата.