„Startup Grind“ по трет пат во Скопје

На 17 декември, од 17:30 до 20:30 часот во просториите на „Аmerican College Skopje“  ќе се одржи третиот „Startup Grind Skopje“.

На настанот своја презентација ќе има Митко Цабевски, ко-основач на uPlug.me и основач на Ambio.me кој на присутните ќе им открие како успешно да развиваат иновативен производ, како да го пласираат пред инвестотори и како да влезат во некои од најпознатите стартап натпревари и акцелератори.

По неговото излагање ќе следи кратко претставување на CEED Business Angels Network – една од првите формали мрежи на ангел инвеститори во Македонија, а присутните ќе се запознаат што бараат „ангелите“ од стартап во кој гледаат потенцијал за инвестиција.

Два стартапи ќе имаат можност да ја претстават идејата на сцена, а сите заинтересирани за оваа можност ќе треба да го пополнат овој формулар најдоцна до 10 декември.

Сите информации за настанот може да ги најдете ОВДЕ.