Соочени со економски слаби медиуми кои најчесто не можат да ги осигураат своите вработени, а често ниту да им обезбедат формален работен однос Ссамостојниот синдикат на новинари на Македонија обезбеди можност за 24 часовно колективно осигурување преку АД за осигурување Триглав.
„Со тоа независно дали сте формално вработени или сте ангажирани преку договор за дело би биле осигурани преку ССНМ. Сумата за осигурување изнесува 100 денари месечно, а плаќањето би одело преку траен налог во вашата банка“, информираат од синдикатот.
Како што појаснуваат, ова осигурување важи за претрпена повреда на работа, дома, на одмор.
Бидејќи станува збор за колективно осигурување ССНМ мора да обезбеди одреден број членови. Оние што се заинтересирани прво треба да станат член на ССНМ, да испратат мејл и телефон за контакт на следнава адреса ssnm.info@gmail.com.