ССМ бара социјален дијалог за изедначување на платите на жените

Забележителна е малата застапеност на жените кај законодавците, функционерите и на раководните позиции, а кога жените наоѓаат вработување нивната плата е пониска од платата на мажите, додека јазот на платите е најзастапен кај нискоквалификуваните жени”, наведува Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) во денешното соопштение и повикува социјалниот дијалог да се прошири и на прашањето на родовиот јаз при исплата на платите.

„Социјалниот дијалог треба да се прошири и на прашањето на родовиот јаз при исплата на платите, а преку почитување на колективните договори може да се дојде до поефикасно решение за надминување на таквата разлика“, смета ССМ.

Оттаму велат дека јазот на платите според род не е во согласност со Конвенцијата С-100 на МОТ за еднакви плаќања, како и со Уставот и законите за работни односи, за антидискриминација и за еднакви можности на мажите и жените.

„Жените се порамномерно распоредени, но забележителна е малата застапеност кај законодавците, функционерите и на раководните позиции, а кога жените наоѓаат вработување нивната плата е пониска од платата на мажите, додека јазот на платите е најзастапен кај нискоквалификуваните жени“, наведува ССМ во денешното соопштение.

Една од причините за таквата состојба, според ССМ, е ниската стапка на синдикално организирање кај женскиот дел од популацијата, нешто што, како што посочуваат, мора да се промени во наредниот период.