Српските градови здружено ќе се приклучуваат во европската борба против ГМО

Над сто градови и општини во Србија кои до сега ја имат усвоено „Декларацијата против ГМО“  ќе се здужат во сојуз со цел заедно да се приклучат кон европската борба против ГМО, објавија српските медиуми.

Српските градови здружено ќе се приклучуваат во европската борба против ГМО

Според претседателот на Друштвото за агрономски економисти на Србија Миладин Шевариќ, повеќе од 80 отсто од домаќинствата кои живеат на територијата на овие српски градови се имаат изјаснето против ГМО.

„На чекор сме до освојување Сојуз на градови во Србија кои ја имаат усвоено декларацијата а потоа ќе се приклуиме и на Европскиот сојуз кој се бори против ГМО, и ќе бидеме дел од европските текови за борба против генетски модифицираните организми”, изјави Шеварлиќ за Танјуг.

Основањето на овој сојуз се оечкувал за петнаесеттина дена.

Секоја општина ќе има по еден претставник кој ќе именува свои претставници во Европската федерација кои ја сочинуваат 5.000 локални самоуправи.