Средношколците од СОТУ „Ѓоце Стојчески“ од Тетово организираа јавна дебата од областа на мултикултурализмот. Дебатата е дел од низата јавни акции предвидени во проектот „Преку младински активизам кон соживот на различностите во заедницата“.
Покана за учество на дебатата учениците испратија и до своите професори, директорот на училиштето, претставници од локалната самоуправа и медиумите. Воведен говор на дебатата одржаа г-дин Енвер Бечири, претставник на локалната самоуправа од секторот за образование и г-дин Абаз Абази, директор на училиштето. Тие зборуваа за интегрираното образование и со средношколците споделија дел од своето позитивно искуство од примената на мултикултурализмот во секојдневниот живот. Учениците пак се зборуваа за потребата од негување на меѓусебната толеранција и почитување на заедничките вредности.
Главна цел на проектот „Преку младински активизам кон соживот на различностите во заедницата“ е зголемување на улогата и активизмот на младите во промовирањето и практикувањето на вредностите на мултикултурализмот и соживотот во заедницата. Проектот финансиски е поддржан од Европска Унија во рамките на Европскиот инструмент за демократија и човекови права (ЕИДХР) а е во имплементација на Женската граѓанска иницијатаива АНТИКО и Мултикултура.