Средношколците со протест порачаа: Сакаме да дишеме  

Средношколци од училишта во Скопје денеска од 12 до 14 часот одржаа протестни собири меѓу првата и втората смена, за да побараат итни мерки против загадувањето.

Со заштитни маски и натписи „Сакам да дишам“, учениците алармираа за правото на здрава животна средина, потенцирајќи дека ситуацијата со загадувањето станува се полоша, но не гледаат решение за овој горлив проблем.

Протестите беа иницирани од „Средношколски глас“, иницијатива која преку Фејсбук објави фотографии од собири во „Јосип Броз Тито“, „Васил Антевски Дрен“ и „Орце Николов“.