Средношколците од Битола ја промовираа својата Младинска организација

Untitled1Минатата седмица во СОЕУ „Јане Сандански“ од Битола беше промовирана Младинската организација на средношколците од ова училиште. Членовите на организацијата во петокот држеа презентации за време на првиот час за сите класови, а потоа делеа и флаери за да ги запознаат средношколците со постоењето на Младинската организација.

„Сметам дека треба да се промовира повеќе младинското учество и активизам, а воедно и да се поттикнат младите да се вклучат во граѓанските организации и да ги искористат можностите кои им се нудат таму“, вели Мартин Николовски, член на Младинската организација во СОЕУ „Јане Сандански“.

Николовски појасни и дека во текот на изминатите неколку месеци во училиштето се одржуваат обуки од страна на обучувачи од Младинскиот образовен форум кои смета дека се многу корисни за членовите на новата младинска организација.

Средношколците од Битола ја промовираа својата Младинска организација

За време промоцијата, на големиот одмор за двете смени беше поставен штанд во холот на училиштето каде средношколците се информираа за целите и активностите на Младинската организација. Учениците имаа можност да пишуваат со кои права и обврски се запознаени, а за секое напишано право или обврска добиваа чоколадна бомбона со писменце.

Средношколците од Битола ја промовираа својата Младинска организација

Нивните активности кои им се предвидени во програмата за работа, постојано се зголемуваат и надополнуваат со нови активности и проекти на иницијатива на учениците,  информираат од Младинската организација.

Леила Фетовска