„СПУКМ оди си!“, „Доста беше молк“ – гласот на студентите одекнува низ Скопје

Извикувајќи „Само индекс имаме“ , „Ние сме студенти , не сме клиенти“, „Не, за екстерното“, „Доста беше молк“, повеќе од илјада студенти студенти стигнаа пред зградата на  Владата. Оттука маршот продолжи кон седиштето на Студентскиот парламент каде ечеше „СПУКМ феудална бандо“ и  „СПУКМ оди си“.

 

10632575_10153041734166754_1285400680289929509_n

Претходно реката студенти ја блокираше и раскрсницата кај Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, според планираната рута . Како што јавуваат репортерите на Радио МОФ,  проценките се дека има над илјада студенти.

На маршот е присутно и силно полициско обезбедување.