Специјално признание за актерот Мартин Ѓоргоски од „Џган“ на фестивал во Брунсвик

Македонскиот игран филм „Џган“ по сценарио и режија на Вардан Тозија беше номиниран меѓу осум филмови во натпреварувачката категорија„Beyond“ на филмскиот фестивал во Брунсвик, Германија, на кој учествувале 344 филма. Иако „Џган“ не освои награда, актерот Мартин Ѓоргоски доби Специјално признание.

„За жал, наградата ја освои иранскиот филм „Лантоури“, но главното жири на сцената изјави дека мора да додели уште една награда – Специјално признание за исклучително остварување на младиот актер Мартин Ѓорѓоски од Македонија, за неговата улога во филмот „Џган“, соопшти продукцијата „Дрим фектори“, која филмот го направи во копродукција со „Red Helicopter Films“ од Албанија.

„Џган“ е финансиски поддржан и од Агенцијата за филм на Република Македонија.