„Спалната соба“ на Ван Гог се издава на Airbnb за 10 долари

Институтот за уметност во Чикаго ја претвори познатата слика „Спална соба“ на уметникот Винсент ван Гог во вистинска соба. Од вчера, таа е достапна на интернет сервисот за сместување AirBnB, заедно со сите детали, за да наликува на оригиналната просторија.

Од Институтот велат дека посетителите ќе добијат уникатно искуство во куќата на Ван Гог, која се наоѓа надвор од кампусот на музејот во Чикаго. Собата се издава за само десет долари и е дел од поголем апартман.

Инсталацијата е дел од изложба посветена на неговите три слики што ги направил во периодот од 1888 до 1889 година. Првата била направена кратко по неговото преселување во „Жолтата куќа“ во Франција, но по нејзиното завршување била оштетена од вода. Ван Гог наслика уште две верзии за да ја зачува композицијата, една додека бил на азил во Сент Реми во 1889 година, а другата како подарок за неговата мајка и сестра.

Изложбата насловена „Спалната соба на Ван Гог“ е составена од речиси 36 дела на уметникот и ќе биде отворена од 10 мај.