Соработка на Националните младински совети за да се чујат потребите на младите од Балканот

Струга изминативе четири дена беше домаќин на младинската академија BalkanAction/2015 (#BA2015YA) во која учествуваа 32 млади лидери од Србија, Македонија и Албанија, кои претставуваа повеќе од 27 различни организации.

Академијата се организира за младите лидери да имаат можност да научат, организираат и мобилизираат во склоп на Акција/2015 и Целите за одржлив развој кои Обединетите Нации треба да ги усвојат во септември.

За првпат на Балканот се организира заеднички настан со цел градење на капацитети на Цели за одржлив развој кај младите и нивните организации. Активното вклучување на младите од Македонија, Албанија и Србија во процесите на изготвување и дефинирање на новите развојни цели е особено значајно за да се чуе гласот на младите и нивните потреби.

Академијата се фокусираше на мотивирање и вклучување на млади лидери од Балканот во Акција/2015. Во нарениот период младите ќе спроведат акции за вклучување на локалните заедници во дискусијата за целите за одржлив развој и останати сродни процеси како што е самитот за климатски промени.

Како финални планови и документи од Академијата беа развиени и заеднички стратегии за соработка на регионално и интернационално ниво за Меѓунардниот ден на млади и Генералното собрание на Обеднетите Нации.

Од Академијата произлезе и пораката дека Националните младински совети во регионот се заинтересирани активно да соработуваат за да може погласно да се чујат во светски рамки потребите и идеите на младите од Балканот.

Академијата поттикна соработка помеѓу младинските организации кои ги споделија своите искуства и решенија поврзани со одржлив развој, особено климатските промени, сиромаштијата и нееднаквоста, како и сите форми на учество во донесување на одлуки на национално, регионално и локално ниво.

Младинската академија Balkan action/2015 е организирана од страна на Центар за интеркултурен дијалог (ЦИД), Центар за човекови права и развојни студии (CHRDS), и Beyond Barriers како дел од кампањата Акција/2015. Кампањата е независна и иницирана од граѓаните со една цел – подигање на свеста кај луѓето на Балканот за Целите за одржлив развој кои треба да се усвојат овој септември на Самитот на Обединетите нации за Цели за одржлив развој.