Сопругата на Дејвид Камерон користела евтин работен труд во Македонија за својата модна колекција

Најавена како луксузна, урбана, „униформа“ за зафатените жени кои сакаат мода, новата скапа колекција на гардероба на Саманта Камерон е креирана во источна Европа, објавија вчера британските медиуми.

Модната линија, наречена „Кефин“, вклучува маица која чини 110 фунти, но иако е дизајнирана во Лондон, облеката е изработена во Литванија и Македонија.

Истрагата во август критикуваше други брендови кои ја изработуваат својата облека во Македонија, каде дел од работниците биле плаќани помалку од 46 денари на час и се соочувале со лоши услови. Но, се уште не се знае точно колку фабричките работници биле платени за да ја изработуваат колекцијата.

Никола Раунд од британската граѓанска група „Трудот зад етикетата“, рече дека работниците од источна Европа често се искористувани од западните брендови поради нивната евтина работна сила.

„Текстилните работници во Македонија често работат долги часови за ниски плати“, додаде таа.

„Британските брендови имаат одговорност кон луѓето кои ја изработуваат нивната облека и треба да осигураат дека им е дадена плата за достоен живот“.

Портпаролот на фирмата изјави дека фабриките ги исполниле сите интернационални регулативи, додавајќи: „ Кефин единствено работи со фабрики кои се целосно ревидирани, ние имаме блиска врска со сите фабрики што ги користиме и ги посетуваме редовно“.

45-годишната жена на поранешниот премиер Дејвид Камерон во својата колекција има класични фустани, блузи и здолништа, кои од вчера се на продажба во Селфриџ во Лондон, како и онлајн преку Net-a-Porter.

Саманта Камерон, која е амбасадорка на Британскиот модел совет, во интервју изјави дека била ужасната од јавната реакција за колекцијата. Сепак, информацијата за позадината на оваа колекција не беше пречка таа да постигне голема распродажба.

Името на колекцијата е кованица од првата и последната буква од презимето Камерон, а помеѓу се иницијалите на четирите деца на парот.