“Сонот на облачето” – Интернационален детски фестивал за игра со сенки

Фестивалот “Сонот на облачето” ќе се одржува три дена (02, 03 и 04 декември 2013 год.) во просториите на Младинскиот Културен Центар (Сцена Фросина).

“Сонот на облачето” - Интернационален детски фестивал за игра со сенки

Учесници ќе бидат Практика Театар од Москва – Русија, Џенгис Озек и неговиот Караѓоз Театар од Истанбул – Турција, како и таеатарот на сенки Сенки и облаци од Скопје – Македонија.

За време на фестивалот ќе се отвори изложба на фигури од театар на сенки, а во претпладневните часови ке се одржуваат работилници за деца под менторство на членовите на Сенки и облаци.

На овие работилници на децата ќе им се презентираат различни техники за изработка на кукли (фигури за театар на сенки) од различни материјали и нивните начини на игра.

Во продолжение погледнете ја најавената програма на фестивалот:

2 декември – понеделник

19:00 ч. Отварање на фестивалот
19:30 ч. “Ненапишаната прказна” Практика театар, театар на сенки, Москва,Русија
20:30 ч. Коктел и изложба на фигури од театар на сенки

3 декември – вторник

18:00-19:15 ч.Работилница-Изработка на фигуриза театар на сенки
19:30 ч. „СЕМЕ“ Сенки и облаци, театар на сенки, Македонија
20:15ч. Проекција на претставата Малиот принц, Егзипери, во изведба на Сенки и облаци

4 декември – среда
18:00-19:15 ч. Работилница-Изработка на фигуриза театар на сенкиi
19.30 ч. „Чудовиштето од отпадот“, Џенгиз Озек, Караѓоз театар, Истанбул,Турција
20.30 ч. Затворање на фестивалот со изведба на кратки сцени од работилниците.