Најавениот штрајк во образованието, кој беше најавен за утре, се става во мирување, е заклучокот од средбата на делегација на раководството на СОНК и министерот за образование, Абдулаќим Адеми, објави Либертас.
По денешните преговори, двете страни договориле социјалниот дијалог кој го бара синдикатот да продолжи за сите нивни барања освен она за поголеми плати. Образложение на министерот било дека буџетот е веќе скроен и нема простор за корекции освен оние од 4% кои ќе ги добие целата државна администрација. Дијалогот меѓу СОНК и владата ќе продолжи преку работни групи кои ќе ги разгледаат барањата на учителите. Најавениот за утре штрајк се става во мирување.
СОНК во изминатите денови се желеше дека Владата во изминатите денови вршела силен притисок врз членството и раководството на СОНК за да го разбие штрајкот. Беше донесен и закон по итна постапка, со кој на местото на наставниците кои во иднина ќе штрајкуваат, ќе можат интервентно да се вработат заменски наставници, за да нема прекин на наставата.