Сончев часовник направен со 3Д печатач го прикажува времето како дигитален часовник

Француската Etsy продавница Mojoptix го продава овој сончев часовник, создаден преку тродимензионално печатење.

Часовникот „дигитално“ го прикажува точното време меѓу 10 и 16 часот, во интервали од 20 минути.

„Нема батерии, нема мотор, нема електроника. Станува збор само за шоу на сенки“, пишува на онлајн продавницата на Mojoptix.

„Обликот на сончевиот часовник е математички дизајниран да ги пропушти само сончевите зраци во вистинското време под точниот агол“, додаваат.

За оние кои имаат сопствен 3Д печатач, Mojoptix ги продава и плановите за часовникот, па може директно да се печати.

Извор: Bored Panda